За неверување: Напаѓачот на Порто ја славеше победата на Бешикташ во противничката соблекувална! (Видео)

porto-besiktas

Порто доживеа шок на домашен терен и загуби од турскиот гигант Бешикташ на домашниот „Драгао“, но покрај поразот од 1:3, фановите на португалскиот вицешампион имаа причина за големо незадоволство и поради еден шокантен потег на својот првотимец.

Напаѓачот Венсан Абубакар не доби шанса поради тоа што влечеше суспензија од минатата сезона, но сепак успеа да го сврте вниманието на себе со нефатливата реакција, односно прославата на победата на Бешикташ. Вистина е дека Абубакар минатата сезона играше во Бешикташ како позајмен играч од Порто, но сепак далеку од рационално беше тоа што го направи, односно да ја слави победата на турскиот тим во противничката соблекувална кога неговите актуелни соиграчи се разочарани и депримирани од поразот.

Видеото го објави Бабел на социјалните мрежи, а истото веднаш наиде на низа погрдни реакции од фановите на Порто кои на големо бараат Абубакар да биде отстранет од тимот и казнет за ваквиот потег.

Facebook Коментари