За него љубовта кон фудбалот нема граници: По треттата трансплатација на бубрег,тој најави враќање на терените

Klasnic

Иван Класниќ преброди вистински кошмар за да продолжи професионално да се бави со фудбал, но ако во претходните девет години хрватскиот играч немаше никакви проблеми и нормално функционираше со еден бубрег, сега работите се драстично променети откако трансплантираниот бубрег од неговиот татко почнал да откажува. Поранешниот хрватски напаѓач и репрезентативец на „коцкестите“ имаше успешна трансплантација на бубрегот во 2007 година, но ако тоа му помогна да ја продолжи кариерата за дополнителни шест години, во изминатиот период се соочуваше со сериозна ситуација во која беше загрозен неговиот живот.

Тој успеа да застане на две нозе по неодамнешната трета трансплантација на бубрег и за неверување беше тоа што и го соопшти на јавноста дека се враќа на фудбалските терени со навршени 37 години и три трансплатации.

– Да бидам искрен не планирам да застанам тука. Не прифаќам да работам како тренер, може во некое брзо време би работел како менаџер. Но, да бидам искрен дека со последната трансплантација добив надеж дека ќе се вратам на терените и уште сум посреќен дека добив понуда за да играм. Се надевам дека овие шест месеци ќе бидат клучни за да се вратам во форма, а за пензионирање рано е, сега сум како новиа машина, – дециден е Класниќ.

 

Facebook Коментари