За Нас

Спортот е чудесен сплет на талент, тренинг и техника, спој којшто на милијарди луѓе ширум светот им ги поттикнува емоциите и им дава причина повеќе да му се радуваат на животот. Немир – до последниот свиреж, страст – до последната капка пот, чувства – од екстаза до болка. Кој дошол од „оваа страна“ на приказната, внесува дел од себе во сета оваа магија.

Редакцијата што стои зад „Дерби.мк“ е составена токму од вакви „фанатици“, вљубеници во различни спортови, кои својата посветеност ја искажуваат и преку создавањето на овој сајт. „Дерби.мк“ официјално започна да работи на 27 февруари 2013 година како веб страница посветена на македонските и светските спортисти, но и навивачи.

Уредник:
Александар Табаковски

Редакција:
Блашко Вељановски
Александар Богоевски
Антонио Андонов

Контакт:
redakcija[@]derbi.mk

Сајт на годината

Изборот под покровителство на Претседателот на Македонија, „Сајт на годината“, во неколку наврати го вклучи „Дерби“ меѓу најдобрите спортски страници.

Во пресрет на својот прв роденден, www.derbi.mk беше награден во изборот „Сајт на годината 2013“, и тоа како второпласиран во категоријата Спорт, меѓу 49 номинирани страници, а во подеднакво силна конкуренција во 2014 година го доби признанието за првото место.

„Дерби“ постои за читателите и за спортот, а овие награди не обврзуваат да продолжиме во зацртаната насока, нудејќи квалитетни и ексклузивни содржини, што е наш заштитен знак.