За луд крај на кариерата: Гигант од Јужна Америка го посакува Буфон

bufon

Џанлуиџи Буфон и во 40 година од својот живот е прв голман на италијанскиот великан Јувентус, но останува се уште отворено прашањето дали и по крајот на оваа сезона ќе биде така, односно дали ветеранот воопшто ќе продолжи да биде активен на зелените терени.

Таа одлука наскоро треба да биде соопштена со тоа што во меѓувреме се појави една интересна вест од медиумите од Италија и Аргентина во која големиот Џиџи го поврзуваат со Бока Јуниорс. Наводно Бока сака да го доведет ветеранот во своите редови и да му понуди едногодишен договор, па останува да видиме каков ќе биде одговорот на славниот ас кој од 2001 година е дел од „бјанконерите“.

Наводно Бока добила „не“ од Вили Кабалјеро и Серхио Ромеро, па сега се обидува да дојде до Буфон. Ако Италијанецот се одлучи на еден ваков потег тоа би бил луд крај на кариерата со оглед на тоа што и покрај многуте понуди низ низ сите овие години тој не мрдна од Апенините, односно освен за Јуве има настапувано уште за Парма.

Facebook Коментари