За крај на турнирот во Плоцк: Кадетите загубија од Чешка

kadeti

Кадетската ракометна репрезентација на Македонија доживеа пораз од Чешка со 36-28 на последниот меч на турнирот во Плоцк, Полска.

Избраниците на Данило Брестовац не одиграа на посакуваното ниво на оваа средба, па во двата периоди беа надиграни од противникот. Првиот дел Чесите го добија со 19-15, предност која беше зголемена во вторите 30 минути.

Македонија на овој турнир загуби и до домаќинот Полска, додека ремизираше со Белорусија.

Facebook Коментари