За инает на критичарите: Балотели направи нешто што никогаш го нема направено во кариерата

mario

Кога ќе се спомене името на Марио Балотели сите очекуваат да се работи за нешто контроверзно или пак некоја глупост, но напаѓачот одвреме навреме знае да изненади и најдобар доказ за тоа е веста која ни доаѓа од Франција.

Имено Балотели долго време не знаеше во кој клуб ќе игра во оваа сезона, беше во преговори со Олимпик Марсеј за да на крајот остане во Ница. Меѓутоа популарниот Супер Марио ги пропушти најголемиот дел од подготовките, па се појавија одредени проблеми и имаше некои информациите дека има и вишок на килограми, се споменуваше бројка од 100 килограми.

Ама сега работите полека си доаѓаат на место, а најзаслужен за тоа е Марио кој ги изненадил сите со својот труд во Ница со фактот што секој ден пристигнувал во тренинг центарот во 7:30 наутро, многу порано од соиграчите се со цел да се врати во ритам и да му се одолжи на тренерот Патрик Виера за довербата.

Facebook Коментари