XC40 на врвот на Европа, Volvo првпат со признанието „Европски автомобил на годината“

volvo-xc40

Комплетно новиот кросовер на Volvo кој го носи името XC40, денеска го доби престижното признание за Европски автомобил на годината за 2018 година. Оваа награда секоја година традиционално се доделува пред почетокот на автомобилскиот саем во Женева и во неа учествуваат голем број новинари од дваесетина земји.

За шведската марка ова е првпат да стигне до признанието, а оваа награда дополнително ќе му помогне на Volvo да ги реализира големите амбиции со XC40 кој е трет кросовер во семејството по најголемиот XC90 и бестселерот XC60.

Специјализираното жири денеска ги објави резултатите според кои зад XC40 (325 поени), се најдоа Seat Ibiza со 242 и BMW 5 Series со 226 поени. Пласманот на другите финалисти по редослед е Kia Stinger, Citroen C3 Aircross, Audi A8 и Alfa Romeo Stelvio.

Facebook Коментари