Поврзете се со нас

Англија

Вулверхемптон „улови“ голем талент на Брага

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/Wolves

Екипата на Вулверхемптон денеска официјално се пофали со нов играч за новата сезона, а се работи за големиот португалски талент Родриго Гомеш.

20-годишниот фудбалер доаѓа од редовите на Брага, премиерлигашот ќе плати 12,7 милиони фунти за неговите услуги и треба да биде големо освежување во составот на менаџерот Гери О’Нил.

Гомеш веќе ги минал лекарските прегледи и потпишал договор до 2029 година, со опција за продолжување на соработката за уште една година.

Младинскиот репрезентативец на Португалија последната сезона беше испратен на заем во Есторил и таму постигна 7 гола на 30 натпревари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни