Вуков тестираше за ТЦР академијата во Италија (ФОТО)

risto vukov vo seat leon

Ристо Вуков минативе неколку дена престојуваше во Италија, каде што ги направи првите чекори кон запознавање со ТЦР-серијата, каде што планира во иднина да ја продолжи својата кариера.

Младиот македонски возач беше меѓу првите кои ја посетија оваа академија по нејзиното отворање, а според првите информации имал два исполнети дена на новата патека „Адриа“ во областа Венето.

Можам само да кажам дека сум позитивно изненаден од сето она што го видов и искусив овие два дена, вклучувајќи се тука и самиот себе бидејќи добро се снајдов и успеав да извозам стотици километри. Голема е веројатноста дека до крајот на сезоната ќе учествувам на една трка во Италија, а веќе се прават планови и за следната година. Сепак, нема да се откажам од трките од „Југо Хибрид“ во Србија во 2018 година, тоа е мој проект што сакам да го завршам во висок стил пред да продолжам на меѓународната сцена. Ветувам повеќе детали за се веднаш по враќањето во Македонија,- рече Вуков за „Дерби“.

На неодамна завршеното српско првенство на кружни патеки Вуков го освои шестото место, иако целата сезона ја мина борејќи се за пласман на пиедесталот, но поради пропуштањето на првите две трки не успеа да се наметне во борбата за титулата. На крајот од сезоната тој му се заблагодари на шампионот Виктор Давидовски за советите околу продолжување на кариерата и порача дека ќе атакува на титулата што тој нема да ја брани идната година.

risto vukov na sonce adria 2017

vukov so kaciga vo leon

vukov vo leon adria 2017

Facebook Коментари