Вуков: Србија е минато, мојата нова цел е …

riko-pobeda-banja-luka

Македонскиот автомобилист Ристо Вуков – Рико, со освојување на третото место на трката во Ушќе крај Белград ја освои титулата во српскиот шампионат во класата „хоби“.

Виков се натпреваруваше во ова првенство по петти пат и во изјава за „Дерби“ потврди дека сега планира трансфер во друга тркачка серија.

– Оваа идеја за настап на трките во Србија често ја објаснувам како стекнување на неопходно искуство со тркачки автомобили, по мојата младинска кариера со картингот. Српските трки се на повисоко ниво од оние во Македонија поради жестоката конкуренција, особено во „хоби“ класата каде што настапуваат голем број шампиони. Со освојување на титулата планирам да го затворам ова поглавје и да продолжам со развивањето на кариерата во други тркачки серии. Србија е минато, мојата нова цел е да донесам одлука што понатаму до крајот октомври, бидејќи можни се неколку различни опции, а јас сакам да ја изберам онаа на која ќе можам најмногу да се посветам, со навремени тестирања во меѓусезоната и соодветни подготовки пред стартот. Многу размислувам за ТЦР трките, но таму има и некои нешта кои не ми се допаѓаат, па поради тоа ќе имам предвид и други опции,- рече Вуков за „Дерби“.

До крајот на сезоната на Вуков му претстои уште една трка од македонскиот шампионат, каде што исто така атакува на титула.

Facebook Коментари