Поврзете се со нас

Македонија

Вуков го претстави автомобилот: Во 2021 година ќе го видиме македонското знаме на подиумот!

Објавено

на

blank

Македонскиот автомобилист, Ристо Вуков – Рико, вчера се обрати до македонската спортска јавност организирајќи спектакуларна промоција на автомобилотсо кој во текот на 2021 година ќе продолжи со настапите во Порше Карера Куп кој се вози во Италија.

Рико останува дел од екипата „GDL Racing“, во сопственост на италијанската тркачка легенда Џанлука Ди Лоренци, кој и самиот се натпреварувал во картинг, па во италијанската Формула 3, по што се етаблира како возач во трките со таканаречените туринг возила.

Соработката со овој ментор ќе продолжи на взаемно задоволство и во 2021 година, при што Рико е убеден дека оваа година мора да направат резултатски исчекор, бидејќи на располагање ќе го има истиот автомобил, Порше 991 ГТ3 Куп, чии перформанси се проценуваат на околу 485 коњски сили кои доаѓаат од 4-литарскиот мотор, надополнет со 6-степен секвенцијален менувач.

– Секоја промена на автомобилот што еден возач го вози во трките си бара време за приспособување, а исто така и секоја нова патека,- објасни Вуков на промоцијата, каде што беше преставена и неговата тркачка генеза, од времето кога настапуваше во картинг, а потоа и со разни тркачки автомобили.

Македонскиот пилот појасни дека минатата година дополнително била отежната поради проблемите со патувањата.

– Поради пандемијата имавме лимитирани можности за патување и учество на трките. Беше стресно, но наша цел беше да се запознаеме со патеките и со автомобилот, да ги искористиме сите шанси за да стекнеме искуство во новата средина.

blank

Зборувајќи за очекувањата во 2021 година, Вуков вели дека „поуките се извлечени“.

– Во 2021 година ќе атакуваме на подиуми со желба на секоја трка да го имаме македонското знаме на победничкиот пиедестал. Во оваа можност, сакам да се заблагодарам на поддршката што ми ја дадоа Агенцијата за млади и спорт, како и деловните компании од Македонија како „Саник“, „Витаминка“ и „Халк Осигурување“. Воедно, им се заблагодарувам од срце на сите навивачи кои ми даваа поддршка во мојата прва сезона од Порше Карера Куп, и сакам да им кажам дека навистина ми значи секој збор на охрабрување кога сум илјадници километри од дома и се обидувам да ја претставувам државата на најдобар можен начин.

Со предвидениот календар за 2021 година, Вуков ќе има шест гран при викенди со вкупно 12 трки, а сезоната ќе започне во првиот викенд од јуни.

На настанот се обрати и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски, кој ја истакна поддршката која државата ја дава на автомобилистите, ветувајќи дека со текот на времето таа ќе се зголемува.

blank

blank

blank

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни