Вуко Борозан ја заокружи незаборавната 2017 година со свадба (Фото)

Vardar-Flenzburg4

Ракометарот на македонскиот и европски шампион Вардар, Вуко Борозан, вчера се венчал со својата избраничка Ива.

Црногорскиот репрезентативец игра уште една одлична сезона во „црвено-црниот“ дрес, а по титулите освоени со Вардар во историската 2017 година, тој реши да истата да ја заокружи со уште еден голем ден во својот живот.

Борозан ја направи свадбата веднаш по завршувањето на клупските обврски, односно пред почетокот на подготовките за Европското првенство, каде во дресот на Црна Гора ќе и биде противник на Македонија уште во групната фаза.

borozan-svadba

Фото: reprezentacija.me

Facebook Коментари