Вујовиќ заврши со Копер, следува поголем предизвик

vujovic

Еден од најдобрите стратези на Балканот, Веселин Вујовиќ ја заврши соработката со словенечкиот прволигаш РД Копер 2013.

Некогашниот предводник на Вардар и Копер одлучија да ја прекинат соработката иако изминатава сезона ја оценуваат како позитивна, сезона во која беше освоено четвртото место во шампионатот зад Целје, Рибница и Велење. Сепак Вујо нема да остане без клупско ангажман и се очекува тој за кратко време да ги договори деталите и да седне на клупата на Висла Плоцк.

-Преговорите се во завршна фаза, очекувам за седум, осум дена да знаеме на што сме, -истакна Вујовиќ кој ќе продолжи и понатаму да биде селектор на Словенија.

Facebook Коментари