Поврзете се со нас

Македонија

Вујовиќ за тоа како го гледа неговиот Вардар: Не сакам Македонците да имаат алиби улоги!

Објавено

на

Македонскиот шампион Вардар 1961 од наредната сезона ќе има нов тренер и тоа е легендарниот Веселин Вујовиќ.

Вујовиќ по трет пат во својата кариера ќе ги предводи „црвено-црните“, но прв пат откако клубот стана двократен европски шампион. Доаѓањето на популарниот Вујо ќе донесе промени, нова енергија, а Црногорецот веќе им задал задачи на младите играчи за тоа што треба да прават во текот на летово.

-Имав разговори со младите македонски играчи. Ги замолив летово да одат на боречки вештини. Кружните напаѓачи на борење или џудо, бекови и крилата на бокс или кик бокс. Има неколку причини. Сите боречки вештини се во дијагонален став. Така е и во ракометот. Ќе добијат  на цврстина, агресивност, храброст. Знаете како е со играчите, веднаш штом ќе отидат во теретана, веднаш ги гледаат бицепсите во огледало, -рече Вујовиќ за „Балкан Хендбол“ и притоа порача дека не сака повеќе Македонците да имаат алиби улоги во Вардар.

-Не сакам Македонците во Вардар да играат алиби улоги и да мислат дека сè што лошо ќе направат, странците ќе го исправат. Сакам да гризат по странците, да ги влечат и да не им дозволуваат да играат повеќе од нив. Камо среќа да има состав само со Македонци, па странците да гледаат, па колку и да биле платени, -порача во свој стил Вујовиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни