Поврзете се со нас

СЕХА лига

Вујовиќ за драматичниот финиш во Загреб: Одбраната нѐ извлече од незгодна позиција

Објавено

на

Вардар дозволи драматична завршница во Загреб, но на крајот успеа да избори пласман на фајнл-фор турнирот на СЕХА Лигата.

Македонскиот првак загуби со 25:22, па победата од првата средба беше доволна за елиминација на ППД Загреб, иако тренерот Веселин Вујовиќ признава дека неговиот тим застанал откако стигнал до голот, кој значеше императив за победа со пет голови разлика за домаќините.

– Застанавме откако го постигнавме 21. гол, мислевме дека е готово.

– Загреб доби и мала помош, но самите сме виновни за тоа што ни се случуваше на крајот.

– Сепак, мора да бидам задоволен, одбраната нѐ извлече. На двата тима им недостасува среден бек, мислам дека за во Европа ќе ни треба повеќе од ова, – изјавил Вујовиќ по средбата во Загреб.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни