Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Вујовиќ: Во „Јане Сандански“ може да падне и тимот кој игра најубав ракомет во Европа!

Објавено

на

Вардар одигра дури шест натпревари во 14 дена и во тој период успеа да оствари едно реми и една победа во Лигата на шампионите, но сега пред избраниците на Веселин Вујовиќ е најголемиот предизвик од стартот на сезоната.

„Црвено-црните“ утре на домашен терен го пречекуваат моќниот Алборг, кој според тренерот на Вардар е тим кој во овој момент го игра најубавиот ракомет во Европа.

Данскиот состав оствари две убедливи победи против Загреб и Монпелје во воведните две кола, но Вујо смета дека и овој тим може да падне во „Јане Сандански“, особено ако се создаде идилична атмосфера меѓу навивачите на трибините и играчите на теренот.

– Сите знаеме од каде доаѓаме, одигравме шест средби во две недели, што е премногу за вакво ниво. Го пречекуваме Алборг со акумулиран замор, а тоа е тим кој најверојатно е најдобар во Европа.

– Според мене, тие го играат најубавиот ракомет во Европа, играат дисциплинирано како тим и не треба да се трошат многу зборови. Сепак, Вардар може да победи секого, па и еден Алборг. Со помош на нашата публика, се е можно во „Јане Сандански“. Ова е прв сериозен испит и за нив од стартот на сезоната и сигурен сум дека добро не анализирале, – изјави Вујовиќ на пресот пред утрешното дерби во Скопје кое се игра во 18:45 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни