Вујовиќ верува во нас: Македонија ќе игра полуфинале!

vujovic i stoilov pregratka

Нашата ракометна репрезентација со одличните резултати покажа дека може да биде најголемо изненадување на шампионатот во Хрватска каде во втората фаза во новата група во Вараждин ќе стартуваме од првата позиција на табелата со вкупно три бодови.

Ривали во овој дел ќе ни бидат Шпанија, Данска и Чешка, селекции со одлични квалитетни ракометари, но Веселин Вујовиќ е убеден дека барем две од нив ќе паднат пред четата на Раул Гонзалес.

– Македонија ја оствари првата цел, имаат огромна поддршка, добар амбиент во репрезентацијата, одличен тренер и се растеретени. Сега можат да играат добар ракомет и да постигнат добар резултат, па поради тоа сум сигурен сум дека ќе остварат најмалку две победи што би било доволно за прв пат да се пласираа во полуфинале на ЕП што би било историски успех. Дај Боже Македонија да освои медал,- вели предводникот на Словенија.

Како одговор на новинарско прашање, тој се обиде да направи разлика Раул и Лино Червар.

– Секој тренер носи нешто свое, на некој играч му одговара на друг не. Раул е фантастичен стратег кој тоа го покажа вчера, исто и мене ме изненади. Игра со тоа што го има, а нема врвни и најдобри играчи на светот, ама е одличен стратег, донесе смиреност. Најважната работа е што новинарите, јавноста во Македонија и играчите му веруваат. Тоа на мене ми се случува во Словенија, ако речам така е, сите го прифаќаат тоа. Кога имате некој на кого не му верувате, а на Лино и баш не му се веруваше, што и да направи, не чинеше. Тоа е незгодно да се објасни. Раул е некој кој треба да остане во Македеонија, штета е што оди во ПСЖ. Федерацијата мора да направи се за да го продолжи договорот со него, донесе многу. Исто како што и Лино со Металург и Вујовиќ со Вардар оставија печат во македонскиот ракомет,- дополни Вујо.

Тој посочи дека во втората фаза Словенија ќе атакува на три победи, иако „скокотливо“ беше прашан дали Македонија ќе може да смета на помош од него за да совладаат некоја ривалска репрезентација.

– Не се мачевме толку за да одиме понатаму и да оствариме само една победа. Одиме на три победи, па што биде нека биде. Македонија сега мора сериозно да се подготви, до сега беше изненадување, но сега мора да очекува дека сите ќе играат против нив со максимум од силите,- предупреди поранешниот најдобар ракометар на светот.

Facebook Коментари