Вујовиќ: Судиите нè оштетија 19 пати, уште кога дознав кој ќе ни суди реков „отидовме во к….“

Фото: Филип Вирановски / РФМФото: Филип Вирановски / РФМ

Веселин Вујовиќ жестоко ги критикуваше судиите по вчерашниот пораз на неговата Словенија од Македонија во Загреб, а денешниот ден го искористи за да испрати нова порака во сличен стил.

Словенечкиот селектор вели дека уште кога дознал кои судии се делегирани му било јасно што ќе се случува, а неговата репрезентација била сериозно оштетена во дуелот со Македонија.

– Уште кога директорот на репрезентацијата Урош Мохориќ ми испрати СМС порака за тоа кои судии ќе ја делат правдата со Македонија, му одговорив дека отидовме во к….

– Мојата комуникација со романските судиите на теренот беше многу чудна. Тие ми пристапија и ми рекоа дека ја започнале судиската кариера кога јас сум ја започнувал мојата тренерска кариера, но сега тие биле на крајот на својот пат. Не ми е баш јасно што сакаа да ми кажат, но сигурен сум дека ЕХФ наскоро ќе им се заблагодари за соработката.

– Што се однесува до натпреварот, го гледав три пати. Синоќа, утринава и уште еднаш пред тренингот и забележав 19 грешки во корист на противникот. Судиите не ни дозволија да играме, ни ја растурија играта, ова да се случеше со репрезентации како Франција, Германија или Данска ќе беше голем скандал. Но, ние сме мала земја, мора да ги наведнеме главите и да прифатиме дека Вујовиќ кажува глупости, – истакнува Вујовиќ.

Facebook Коментари