Светски првенства
Вујовиќ со стручна анализа: Хрватска не победи во четвртфиналето, едноставно доби подарок од Унгарците!

Хрватската ракометна репрезентација направи чудо во завршницата од мечот со Унгарија и со страшен пресврт се избори за победа во последната секунда, триумф со кој кодомаќинот на турнирот уште еднаш покажа дека може да се бори за највисоки дострели кога ја има публиката зад себе.
Серијата од 5:0 во последните пет минути беше пресудна за победа од 31:30 против, а додека многумина препишуваат најголем дел од заслугата на разиграниот Срна и селекторот Дагур Сигурдсон, Веселин Вујовиќ смета дека Хрватите добиле подарок од Унгарците.
– Тоа што се случи вчера е неверојатно, не може да се каже нешто друго. Таков натпревар ретко се добива, не може да се спореди ниту со она кога јас со Словенија ја победив Хрватска во борбата за брозен медал по негатива од осум гола разлика.
– Неверојатно е какви грешки правеа Унгарците, наместо да играат долги напади и да чекаат предупредување за пасивен напад, се обидуваа да решаваат се уште во првите секунди од своите напади. Имаа два зицери, но тие беа одбранети од Пешиќ. Да дадеа само еден гол, тоа ќе беше доволно за победа. Чуда се случуваат, а овојпат се случи чудо во корист на Хрватска.
– Хрватска не го доби овој меч, слободно може да се каже дека Унгарците им ја подарија победата. Унгарија покажа карактер во најголем дел од мечот, имаат извонредна стратегија и постојано напредуваат, но иако заслужија подобар резултат, скапо го платија тоа што немаа лидер во завршницата, – анализира Вујо.
-
НБА15 часа
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Шпанија23 часа
Марсело со емотивно видео објави крај на кариерата: Мадридизмот не се опишува со зборови
-
Евролига23 часа
Обрадовиќ во елемент: Немој да те удрам со таблава по глава….. (Видео)
-
Англија13 часа
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Франција20 часа
Луис Енрике: Ви реков дека ќе бидеме подобри во одбрана и во напад без Мбапе!
-
Италија14 часа
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)
-
Англија22 часа
Јоро откри каква Ватсап подготовка добиваат дефанзивците од Аморим пред секој натпревар на Јунајтед
-
Шпанија5 часа
Ханси Флик за една своја ѕвезда: Тој не се споредува со ниту еден друг играч во светот