Поврзете се со нас

Свет

Вујовиќ со предлог правило: Головите постигнати од 10 метри да се сметаат за два

Објавено

на

Веселин Вујовиќ често е казнуван од ЕХФ и ИХФ поради своите потези и изјави, но останува дежурен критичар на потезите кои ги прават Европската и Светската ракометна федерација.

Откако потегот со кој без борба на терен беа прогласени учесниците на Фајнал фор турнирот во Келн, Вујовиќ го протолкува како „глупава одлука која ја очекувал“, сега легендата на светскиот ракомет ги коментирал и актуелните правила кои според него треба да доживеат промени.

– Најважно е да го заштитиме спортот на кој сме му го дале целиот живот, не сум некоја „бабарога“, сакам да приговарам и да коментирам, но само поради тоа да бидам слушнат и разбран, а не постојано да ме казнуваат.

– Еве едно банално правило, имаме право на два тајм-аута во вториот дел, но не можеме двата да ги користиме во последните пет минути. Зошто во НБА да може, а во ракометот не може? Исто така, само во ракометот едни правила важат 59:30 минути, а други во последните 30 секунди? вели Вујовиќ.

– Мој конкретен предлог е секој гол постигнат од далечина над 10 метри да се смета како два. Така би им се дала поголема шанса на екипите кои имаат негатива, замислете ситуација во која една екипа брка разлика, па во финишот крилото оди во контра и шутира од 10 метри за да добие два гола.

– Исто така сметам дека нападите мора да се ограничат на 30-35 секунди, со тоа што ако противникот пречи при изведување на ударот, да се додели нов напад за екипата, – изјавил Вујовиќ за „Спортске новости“.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни