Свет
Вујовиќ со коментар за инцидентот во Загреб: Да бев на местото на Мандиќ…
Инцидентот во соблекувалната на хрватскиот ракометен шампион Загреб останува топ тема во регионот, а за хрватски медиум истиот бил коментиран и од легендарниот Веселин Вујовиќ.
Популарниот Вујо е познат по својот жесток темперамент, па не изненадува неговиот став околу тоа што се случило во Загреб по поразот на хрватскиот тим од Нант во Лигата на шампионите.
Српскиот ракометар Милош Кос го нокаутирал соиграчот Матеј Мандиќ, кој завршил со двојна фрактура на лицето, за српскиот ракометар да добие удар од Звонимир Срна, кој решил да го заштити нападнатиот соиграч. Едно од поинтересните прашања за Вујовиќ било што би направил тој да бил на местото на Мандиќ.
– Ако мене ме нападне соиграч, како што Кос го нападнал Мандиќ, ако ме удри, ќе ја чекам првата прилика да му возвратам. Но, тоа не го велам како совет, не ме сфаќајте погрешно, тоа воопшто не го препорачувам и не мислам дека треба да го направи и Мандиќ. Само велам дека мојата крв е толку жешка, дека мојот карактер е таков. Како да не сум направил доволно хаос во кариерата, ама ете…
– Ракометот е игра со многу дуели, многу тензија. Некој од играчите е помалку, а некој поагресивен, ова не е ниту прв ниту последен конфликт во спортски колектив. Тоа се случува во многу клубови, иако не со таков карактер. Се надевам само дека никој нема да направи паралела на национална основа и да се обиде ова да го претвори во конфликт меѓу Хрват и Србин, бидејќи тоа би било погубно и катастрофално, а сигурен сум дека никој во оваа ситуација не гледал во „пасош“.
-
АТП23 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија21 час
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Италија21 час
Проблемите се надминати, Елмас добива нов соиграч од Милан
-
Шпанија22 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Англија23 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…
-
Англија12 часа
Аморим за Рашфорд: Дали го одигра неговото за Јунајтед? Мора да го претставува клубот…
-
Англија13 часа
Фернандеш го мина Бекам со атрактивниот гол против Арсенал (ВИДЕО)
-
Шпанија13 часа
Откриена пораката која му ја испратил Перез на Модриќ по „петардата“ во финалето: Понекогаш мора…. (Видео)