Европски првенства
Вујовиќ со јасен став: Европското првенство треба да биде откажано!
Голем број ракометни репрезентации имаат многу проблеми поради коронавирусот пред почетокот на Европското првенство, а можноста за нови позитивни случаи само ја комплицира ситуацијата за учесниците на овој турнир.
Доскорешниот тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ смета дека ЕХФ треба да го откаже првенството.
– Искрено, не ми е јасно чиј интерес е да се одигра ваков турнир.
– Колку смисол има репрезентациите да патуваат со шест, седум заразени ракометари, а потоа тие треба да играат натпревари по десетина дена во изолација. Тоа нема врска со животот и здравиот разум, ќе гледаме никаков ракомет, а да не зборувам за ризикот од повреди.
– Претпоставувам дека и државите организатори ќе преземат одредени мерки, лесно може да се случи натпреварите да се играат без публика. Ги прашувам тие мудреци, па за кого се игра првенството?
– Мое мислење е дека ова Европско првенство треба да биде откажано, нема да пропадне светот ако скокнеме еден турнир, – изјавил Вујовиќ.
-
Лига на шампионипред 18 часа
Провокаторот Мбапе предизвикал тепачка во тунелот на „Монжуик“ (ВИДЕО)
-
Лига на шампионипред 24 часа
Гвардиола го цитираше Кројф по болната елиминација од Реал: Среќата не постои во фудбалот!
-
Лига на шампионипред 21 час
Гвардиола објасни зошто беа заменети Халанд и Де Брујне: Не планирав…
-
Лига на шампионипред 23 часа
Херојот на Реал: Знаевме дека еден играч ќе ризикува…(ВИДЕО)
-
Лига на шампионипред 19 часа
Родри: Имаше само еден тим на теренот, но…
-
Шпанијапред 14 часа
Араухо: Подобро да не кажувам што мислам за изјавата на Гундоган!
-
ВТАпред 20 часа
Ѓорческа запрена во осминафиналето во Копер
-
Лига на шампионипред 13 часа
Херојот на Баерн се пофали со пласманот во полуфинале, Крос го истрола пред двете пресметки со Реал (Фото)