Поврзете се со нас

Свет

Вујовиќ со џентлменски потег изнуди заслужен комплимент од Червар

Објавено

на

Повлекувањето на Веселин Вујовиќ од тренерската позиција во ППД Загреб не значи дека нема да биде актуелен во медиумите, а денеска тоа се случи поради негов џентлменски потег.

Во традиционалниот избор на порталот „Балкан хендбол“ за тренер на годината во регионот, токму Вујовиќ му е најголем ривал за признанието на Лино Червар, а во конкуренција се и Љубомир Обрадовиќ, Зоран Рогановиќ и Драган Аџиќ.

Не оставајќи простор за погрешна процена, Вујовиќ испрати порака до ракометните фанови.

– Почитувани пријатели, Балкан хендбол секоја година го бира најдобриот тренер во регионот со помош на вашите гласови. Секако дека ми годи тоа што сум на водечката позиција, но по сите критериуми ова признание годинава му припаѓа на Лино Червар, освојувач на сребрен медал со хрватската репрезентација, – напиша Вујовиќ на Фејсбук.

Не само што предизвика пресврт на ранкингот и Червар ја презема првата позиција од досегашните гласови, туку доби комплимент за потегот и лично од хрватскиот селектор.

– Тоа е спортски потег од неговата страна и секоја чест, – изјавил Червар за „Вечерњи лист“.

Минатата година признанието му припадна на нашиот Данило Брестовац.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни