Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Вујовиќ: Скапо ги плативме глупавите грешки

Објавено

на

Вардар забележа пораз на гостувањето кај Пик Сегед, а тренерот Веселин Вујовиќ смета дека неговиот тим сам ја прокоцкал шансата за позитивен резултат во Унгарија.

Македонскиот првак го плати данокот на големиот број индивидуални грешки, а тоа го потенцирал и тренерот на прес-конференцијата по натпреварот.

– Честитки за противникот и мојот колега Хуан Карлос Пастор.

– Одигравме добар и интересен натпревар, но во второто полувреме направивме глупави грешки кои не одведоа во пораз. Пик Сегед заслужи да победи, – изјавил Вујовиќ.

За Вардар ова беше четврти пораз по ред во ЛШ, а веќе на 25. ноември го пречекува истиот противник.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни