Поврзете се со нас

Светски првенства

Вујовиќ шокиран од една судиска одлука на СП: Нека ми ја објасни некој логиката

Објавено

на

Веселин Вујовиќ е познат по својата директност и искрени ставови поврзани со случувањата на ракометната сцена, а за време на актуелното Светско првенство коментираше и детали за репрезентациите кои ги водеше во минатото.

Ракометната легенда имал што да каже за завршницата на натпреварот меѓу Египет и Словенија, кој заврши со победа на африканската репрезентација и значеше крај на надежите за четвртфинале на избраниците на Урош Зорман.

Словенците на крајот имаа напад од 40 секунди за израмнување, успеаја да погодат, но судиите им го поништија голот поради надминување на бројот на додавања со кои активирале пасивен напад, нешто што го шокирало Вујовиќ.

– Словенија не заслужи да победи, но Египет со своите глупости дозволи противникот да има напад за израмнување.

– И сега замислете во каков спорт сме инволвирани. Словенија има неколку секунди за напад, во кој им е потребен гол за реми, се обидуваат да дојдат до него, а судиите им ја одземаат топката поради пасивен напад.

– Објаснете ми како една екипа може да игра пасивно кога и е потребен гол, во кој друг спорт постои вакво нешто и која е логиката на ваквата одлука?

– Ракометот ги има сите квалитети за да стане еден од најпопуларните спортови во светот, но само ако се променат одредени правила. Актуелните правила на ИХФ се апсурдни, – рекол Вујовиќ.

Словенија денеска се среќава со Хрватска во соседското дерби, а пласман во четвртфиналето може да оствари само во теорија, односно со победа над Хрватска и изненадувачки порази на Исланд и Египет.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни