Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Вујовиќ: Се надевавме на подобар резултат, направивме необјасниви грешки

Објавено

на

Составот на Вардар не успеа да ја прекине лошаа серија и доживеа нов пораз во Лигата на шампионите и тоа во Хрватска каде загуби од ППД Загреб со 23-22.

„Црвено-црните“ одново имаа проблем во играта, немаа континуитет, а особено лошо ја одиграа завршницата во која му дозволија на противникот да се врати од минус три и на крајот дури и да се радува на победа.

Сосема очекувано разочаран беше тренерот Веселин Вујовиќ кој смета дека неговиот тим правел недопустливи и необјасниви грешки.

– Се надевавме на подобар резултат. Направивме неколку необјасниви грешки кои апсолутно не смеат да се случат и тоа се покажа како клучно. Натпреварите против Загреб се секогаш тешки, различни. Ни претстои тежок натпревар против Еурофарм и мораме да најдеме начин да се кренеме и победиме, -истакна Вујовиќ.

Бекот Анте Кудиз исто искрено призна дека направиле многу грешки, но и дека биле многу лоши во одлучувачките моменти.

-Честитки за Загреб, убаво е да се види како растат од натпревар во натпревар. Чуден натпревар од самиот почеток. Пропуштивме премногу чисти шанси, но некако успеавме да бидеме блиску. За жал, не бевме во вистински во решавачките моменти и Загреб знаеше како тоа да го искористи . Вистинско балканско дерби,-рече Кудуз.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни