Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Вујовиќ: Ремито е реално, овде ќе загубат многу екипи

Објавено

на

Најдобриот македонски ракометен состав Вардар одигра без победник против Елверум во првиот меч во новата сезона во Лигата на шампионите.

Ова беше цврст, борбен дуел во кој ниту една екипа не успеа да се одлепи, создаде поголема предност, па така по првиот дел беше изедначено 13-13, а така и беше и на крајот што значи ремито е повеќе од реално и за тоа е свесен и предводниот на „црвено-црните“ Веселин Вујовиќ.

-Му честитам на Елверум за тоа што денеска го прикажа. Одигравме интересен натпревар, ние бевме подобри во првиот дел, Елверум во вториот и можеби нерешениот епилог е најреален резултат. Елверум играше многу добар ракомет, на високо ниво. Во едно сум сигурен, многу тимови ќе загубат тука. Ние немаме многу време за размислување, веднаш почнуваме со со подготовки за следните натпревари, -порача популарниот Вујо.

Вардар во второто коло го пречекува Мешков Брест.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни