Поврзете се со нас

Свет

Вујовиќ призна дека не го очекувал Вори на клупата на ППД Загреб

Објавено

на

Веселин Вујовиќ изненадувачки ја напушти клупата на ППД Загреб, објаснувајќи го потегот со приватни причини, а деновиве хрватскиот првак го промовираше неговиот наследник.

Се работи за поранешниот хрватски репрезентативец Игор Вори, кој првпат презема тренерска функција, а тоа го изненадило и Вујовиќ.

– Малку сум изненаден што Вори го презема Загреб, не знаев дека е заинтересиран за тренерската работа. Но, делува мирно, зад себе има голема кариера и искуство, ова му е голема шанса и се зависи од него, – изјавил Вујовиќ за хрватските медиуми.

Доскорешниот предводник на ППД Загреб вели дека не е лесно да се води овој клуб, но ова е и голема шанса за Вори во насока на националниот тим.

– Во Загреб е и не е лесно да се работи, тоа е лизгав терен за секој тренер. Но, ако Вори се докаже во оваа ситуација, сигурно ќе биде кандидат да го наследи Лино Червар кога овој ќе се пензионира, – рекол Вујовиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни