Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Вујовиќ пред новиот сериозен предизвик во Европа: Да докажеме дека знаеме да победуваме и кога не сме најдобри

Објавено

на

По двата порази во низа од Монпелје и Кил, Вардар се насочува кон нов сериозен противник во Лигата на шампионите, бидејќи веќе во среда во „Јане Сандански“ ќе го пречека германскиот великан Кил.

„Зебрите“ кои ја освоија европската титула во 2020-та година ќе допатуваат во македонската престолнина со неколку важни отсуства, но Веселин Вујовиќ искрено се надева дека противникот ќе дојде со комплетен ростер, зошто само така неговите играчи ќе ја сфатат сериозноста на ривалот.

Кил е трет на табелата со два бода повеќе од Вардар во пресрет на пресметката во „Јане Сандански“, но пристигнува во Скопје со серија од три меча на кои нема остварено победа.

– Кил доаѓа во Скопје во ситуација кога не е во најдобра форма. Имаат проблеми со неколку повредени играчи, но јас сакам да играат тука во полн состав. Така ќе го покажеме нашиот вистински квалитет.

– Сакам Вардар да победува и кога не игра најдобро, а не само кога сме понесени од фантастичната атмосфера во салата. Вардар е нова екипа и имаме простор за напредок. Против Алборг покажавме добра игра и на вториот меч, загубивме поради наши грешки кои противникот не ги прости, – изјави Вујовиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни