Поврзете се со нас

Свет

Вујовиќ по само 24 часа му возврати на Шпрем: Кој го знае зошто ја даде таа изјава

Објавено

на

Поранешниот хрватски ракометар, Горан Шпрем го привлече вниманието на јавноста на Балканот со една изјава поврзана за Веселин Вујовиќ.

Шпрем во текот на вчрашниот ден истакна дека Вујовиќ во минатото бил најдобар играч, но дека во моментов неговите тренерски познавања се еднакви на нула.

Не се чекаше многу додека Вујовиќ не му возврати на поранешното хрватско крило, но за разлика од други пати, сега црногорскиот стратег беше многу посмирен во возвраќањето на ударот.

– Ја прочитав таа изјава и бев благо кажано шокиран. Навистина не знам од каде му е идејата на Шпрем дека јас сум маргинален лик кога ние воопшто не се познаваме. Мислам дека прво треба да знаеш некого за да ги носиш тие заклучоци.

– Како сум јас маргинална личност кога се знае што се имам зад себе и како играч, но и како тренер? Мислам дека сите знаат кој сум и што сум сторил во животот и сите го препознаваат тоа што сум го постигнал во ракометот. Во Црна Гора постои една изрека: „Мора да изедеш вреќе сол за да запознаеш некого“. Е сега, кои се неговите мотиви против мене, тоа навистина не го знам,- изјави Вујовиќ кој со Загреб освои две титули и два купа во Хрватска.

– Јас за Шпрем не сакам да зборувам ништо затоа што во животов сме се виделе само два пати. Ми се чини дека само еднаш коментиравме некој натпревар, но од тоа не можам да зборувам за него како човек, а не ни сакам да зборувам.

– Културен сум и воспитан така што за луѓето можам да носам заклучоци само кога ќе ги запознам како личности. Со што е предизвикана таа негова изјава, којзнае, -порача  Вујовиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни