Вујовиќ образложи зошто застана на голот по шокантната одлука на судиите (Видео)

EP RUKOMET: SLOVENIJA - NEMACKA

Веселин Вујовиќ не можеше да поверува што гледа откако судиите одлучи да и ја одземат победата на Словенија по проверувањето на видео снимките, а бидејќи конечната одлука на арбитрите беше црвен картон за Благотиншек и пенал за Германија, следуваше Шоу на селекторот на Словенците.

Популарниот Вујо едноставно не можеше и не сакаше да ја прифати оваа одлука на судиите по крајот на натпреварот, а пред Рајхман да израмни на 25:25, видовме едно несекојдневно шоу на ценетиот стручњак кој во знак на протест, застана на голот наместо Скок.

По краткиот разговор со судијата, Вујо попушти и му дозволи на Рајхман да го изведе пеналот, а по крајот на мечот образложи на што се должел ваквиот негов перформанс.

– Сакав да се потсмевам, да направам шоу. Тие и онака веќе направија циркус од ракометот, па зошто јас да не се приклучам во истиот? Го направија ракометот смешен, за жал овој спорт го водат дебили. Моите играчи и другите на луѓе клупата се дисциплинирани и останаа мирни, но јас сум таков каков што сум. На крајот ме замолија да ја испочитувам судиската одлука, – образложува Вујо.

Facebook Коментари