Вујовиќ образложи како ќе заврши неговиот дуел со Чак Норис: Јас сум за него… (Видео)

vujo-sudii

Веселин Вујовиќ денеска беше исклучително интересен за сите регионални медиуми во Хрватска поради фактот што го слави својот 57-ми роденден, а ако во официјалното обраќање што го имаше за нашите новинари посочи дека Македонија ќе игра во полуфиналето на Европското првенство, во интервјуто кое го даде за хрватски „Индекс“ имаше задача да одговори на едно необично прашање.

Словенечкиот селектор веќе извесно време се става во иста релација со Чак Норис поради сличноста во физичкиот изглед, а со оглед на шегите кои беа правени во минатото со познатиот Чак, Вујо доби за задача како ќе заврши неговиот двобој со непобедливиот соперник.

Во интересното роденденско интервју, Вујовиќ даде свое образложение за ова комично прашање, јасно потенцирајќи дека иако ќе биде тешка борба, Чак нема да има шанси против него….

Facebook Коментари