Вујовиќ: Никако да го сфатиме овој чуден судиски критериум

vujo

Веселин Вујовиќ не можеше да го сокрие разочарувањето од поразот на неговата репрезентација од Македонија, а во својата прва изјава по средбата во Загреб истакна дел од причините за поразот.

– Ние дозволивме на крајот на првото и пред се на почетокот на второто полувреме Македонија да направи една сериозна разлика која подоцна ни беше тешко да ја стигнеме. Не се навикнавме на судискиот критериум, така е денеска со судиите во Европа, никако не можеме да ги сфатиме. Ја честитам победата на Македонија, нам ни останува да бараме победа против Германија и Црна Гора, но нема да биде лесно да ги вратиме момците по овој пораз, – истакна Вујовиќ.

Facebook Коментари