Поврзете се со нас

СЕХА лига

Вујовиќ: Нема да верувате што побарав од играчите пред натпреварот

Објавено

на

Македонскиот првак Вардар направи значаен исчекор кон фајнал-фор завршницата на СЕХА лигата, откако вчера на домашен терен си создаде убава предност во пресрет на реванш четвртфиналето со ППД Загреб во Хрватска.

Вардарци одиграа извонредно во клучните моменти од средбата кога се кршеше резултатот и на крајот си обезбедија солидна предност од плус четири разлика (24:20), нешто што тренерот Веселин Вујовиќ го предвидел пред почетокот на средбата во Скопје.

Тренерот на вардарци открива дека од своите играчи побарал да направат по два гола разлика во секое полувреме, сериозна предност која истовремено нема да им дозволи да се релекасираат на вториот дуел.

– НЕма да ми верувате, но пред мечот со Загреб, им порачав на играчите дека сакам предност од два гола разлика на полувреме и четири гола предност на крајот.

– Четири гола предност е сериозна разлика во вакви натпревари, а тоа значи дека немаме простор за релаксација. Ќе има многу борба во Загреб, но патуваме со поволен резултат, – изјави Вујо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни