Лига на шампиони
Вујовиќ: Некои играчи треба да се замислат, ако сакаат да останат во Вардар…

Тимот на Вардар не се избори за позитивен резултат на пресметката со Кил во Скопје, дуел кој бундеслигашот успеа да го добие откако одигра одлично второ полувреме во кое направи пресврт за конечно славје во СЦ „Јане Сандански“ од 29-26.
Ова за „црвено-црните“ е трет пораз во низа што секако е лоша вест, меѓутоа не е трагично да се загуби од Кил иако тренерот Веселин Вујовиќ има замерки за играта на екипата, па дури им упати и јасна, директна порака на играчите дека едноставно мораат да бидат на повисоко ниво затоа што целта на клубот е висока.
-Честитки до Кил за заслужената победа. Ние пред натпреварот се надевавме дека можеме да победиме затоа што им фалеа неколку играчи иако се работи за ривал кој е искусен и кој игра вакви мечеви секој викенд. Во првото полувреме делуваше дека сме многу блиску, но и во тие моменти многу се мачевме во нападот. Резултатот што го имавме беше поради нашата одбраната и Томовски, но нападот се мачеше, бековите беа надвор од ритам и шутерски не можевме да одговориме на предизвикот со „шест на шест“. Моравме да се обидеме со „седум на шест“ што е огромен ризик, тактика која носи нервоза кај нас на клупата и навивачите.
-Направивме премногу грешки и примивме 19 гола за едно полувреме, преголема бројка за тим како Вардар и начинот на кој јас сакам да играме. Не успеавме да се адаптираме. Сакам да кажам дека има играчи кои треба добро да размислат дали од половина на сезоната ќе останат во Вардар бидејќи од нив очекуваме многу повеќе од нив. Ако Вардар сака да направи нешто повеќе тие ракометари мора да дадат повеќе, да го оправдаат доаѓањето во Скопје, -порача популарниот Вујо.
-
Македонијапред 12 часа
Не ја заборава старата љубов: Елмас се појави на тренинг на Работнички (ФОТО)
-
Лига на шампионипред 9 часа
Реал би бил најголем губитник: Како ќе беа распоредени титулите во ЛШ со употреба на ВАР од самите почетоци (ФОТО)
-
Англијапред 22 часа
Клучниот играч на Тотенхем му се извини на Конте: Си замина поради мене…..
-
Германијапред 21 час
Мане бил детонатор на отказот кој го заработи Нагелсман
-
Италијапред 20 часа
Наполи има јасен план: Титула во Серија А, па средба со Елмас
-
Шпанијапред 19 часа
Таткото на разочараната ѕвезда на Барса: Чави си има свои причини, но јас сум бесен како родител
-
Светпред 22 часа
Лаутаро се посрамоти со нереално промашување пред празен гол, Меси постигна хет-трик во едно полувреме (Видео)
-
Шпанијапред 23 часа
Ѕвездата на Сити огорчена од играта на Шкотска: Вистинско ѓубре, ова не е фудбал……