Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Вујовиќ: Не ја знам вистинската сила на Вардар, можам да ветам една работа

Објавено

на

Екипата на Вардар утре го започнува својот настап во новата сезона во Лигата на шампионите и тоа на гостински терен против Елверум.

Овој прв предизвик за „црвено-црните“ носи неколку проблеми, во комбинација за настап не се голманот Борко Ристовски, Анте Кудуз и Едуардо Гурбиндо, ама затоа како опција тренерот Веселин Вујовиќ ќе ги има новите засилувања Оливие и Кевин Њокас.

Вујовиќ е свесен дека неговиот тим ќе се соочи со незгоден противник, но вети дека тимот ќе даде се од себе за да победнички ја отвори кампањата во елитното натпреварување.

-Патуваме за Норвешка каде исто така треба да ги испочитуваме сите Ковид протоколи, а потоа и да играме со екипа која мислиме дека можеме да ја победиме. Јас се уште не ја знам вистинската сила на мојот тим. Не играњето на Ф4 во СЕХА лигата и два силни меча против европски екипи не ми даваат показател за тимот.

-Особено што во тимот нема да ги имаме ниту Кудуз ниту Гурбиндо кои сезонава веќе играа на неколку натпревари. Едниот поради повреда, другиот поради некои други причини. Тука се браќата Њокас, кои сепак ќе имаат само еден тренинг и незнам ни во каква физичка кондиција се. Се среќаваме со екипа што игра врвен ракомет како и сите нордиски екипи, играат модерно, доста трчаат, имаат креативни играчи.

-Ќе биде тежок натпревар. Би било добра првиот чекор во ЛШ да го почнеме со победа, но во овој момент навистина не можам да кажам дека Вардар е фаворит на овој натпревар, иако имаме свои адути и свои шанси и ќе сториме се да го добиеме натпреварот во Норвешка, -истакна популарниот Вујо.

Средбата Елверум-Вардар се игра утре од 18:45 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни