Вујовиќ на последниот тајм-аут точно предвиде што ќе се случува, освен… (Видео)

26803417_881581038691553_1280585371_n

Веселин Вујовиќ тврди дека неговата репрезентација има еден, а требало да има четири бодови по двата одиграни натпревари во Загреб. Неговата Словенија одигра реми против Германија во една завршница која предизвика многу реакции и веројатно ќе биде коментирана уште долго поради последната судиска одлука.

Она што е интересно е дека Вујовиќ на последниот тајм-аут на 21 секунда до крајот точно предвиде што ќе се случува, односно ги советуваше своите ракометари дека ако примат гол и има пет секунди до крајот, веднаш треба да тргнат на брз центар и да постигнат нов гол.

Сето тоа стана реалност, Друкс израмни, а на спротивната страна фуриозниот напад го реализираше Јанц. Она што не можеше да го предвиди словенечкиот селектор е потегот на Благотиншек и пред се одлуката на судиите да ја проверат снимката и да го почитуваат правилото кое досега ретко кој го знаеше.

Facebook Коментари