Вујовиќ: Ми фалеше Битола и овие навивачи

vujovic

Составот на ППД Загреб славеше над Еурофарм Работник со 28-27 во вечерашниот меч кој се одигра во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.

Гостите од Хрватска постојано водеа, „фармацевтите“ притискаа за да ги стигнат, меѓутоа не успеаа тоа да го свртат резултатот, односно на крајот претрпеа уште еден минимален пораз како многупати во оваа сезона. Тренерот Божидар Мојсов има замерки за играта на неговите избраници, но се надева дека ќе извлечат поука од овој пораз.

-Очекував ваков меч, Загреб има одличен тренер и млади играчи. Игравме лошо во второто полувреме и без разлика што се подобривме во продолжението, првото полувреме беше клучно. Мора да научиме од овој пораз, -истакна Мојсов.

На Веселин Вујовиќ пак му беше драго што одново имаше можност да биде во Битола и пред битолската публика.

-Нашето прво полувреме беше одлично, ама Еурофарм реагираше на вистински начин, поддржан од неговите фанови, па скоро и да освоија бод. Среќен сум што сум тука, ми фалеше овој град и овие фанови, -рече предводникот на Загреб.

Facebook Коментари