Вујовиќ: Македонија сега е поопасна, ама…

vujo-slovenija

Македонија денеска ќе го одигра првиот меч на Европското првенство во Хрватска, а за противник ја имаме селекцијата на Словенија преводена од добро познатиот за нас Веселин Вујовиќ.

Екцентирчниот Вујовиќ максимално ја почитува нашата репрезентација за која смета е подобра, поквалитетна и поопасна од пред една година и дуелот на СП во Франција (29-22(, но воедно посочува дека тие се фаворити за победа.

-Македонија сега е поопасна. Раул е друг тип на тренер, тој ја пренесе хемијата од Вардар. Јавноста повеќе верува во него за разлика од Червар, тој врати некои играчи кои беа во кавга со Лино. Ама пак тука ќе бидат Талески, Миркуловски, Стоилов, Лазаров, Манасков, Борко. Тоа е една група на играчи која со години игра заедно со мали измени, тие се креативна, натпреварувачка репрезентација. Имаме голема почит кон Македонија, знаеме каде е главната опасност, ама мислам дека ние имаме блага предност, -истакна Вујовиќ за „Балкан Хендбол“.

Мечот Македонија-Словенија започнува од 19:30 часот.

Facebook Коментари