Поврзете се со нас

Репрезентација

Вујовиќ: Лазаров можеше да повика и подобри играчи, но Македонија направи исчекор кон модерен ракомет!

Објавено

на

Специјален известувач за „Дерби“ од Вараждин, Ристе Влахов

Катар на драматичен и срцепарателен начин остана без посакуван бод од пресметката со Холандија, сценарио кое дефинитивно го разлути секогаш темпераментниот Веселин Вујовиќ

Холанѓаните погодија за победа со звукот на сирената и Вујо остана без бод кој дефинитивно и го заслужи, па сега легендарниот стручњак полека почнува да се подготвува за тоа што следи, а тоа е пресметката со Македонија во втората фаза на Светското првенство.

Како човек кој добро го познава македонскиот ракомет, поранешниот селектор на нашата репрезентација имаше разговор со новинарите по прес-конференцијата која ја одработи во Вараждин,

– Морам да кажам дека ја следам репрезентацијата на Македонија подолго време, а на ова првенство направија голем исчекор кон модерниот ракомет. Системот и начинот на кој играат, начинот на кој ја интерпретираат играта и начинот на кој се борат е многу добар. Можеби Кире можеше да повика и подобри играчи, но тој се одлучи да повика перспективни играчи и тоа исто така е голем чекор напред.

– Добро е за вас што во тимот има голема мотивација, а мене ми преостанува да го опоравам мојот тим и физички и психички. Друго е кога Кузмановски дава гол за реми од 15 метри, а друго е кога примате гол за пораз од 15 метри. Воопшто не е исто, не очекувам лесен меч, иако имам играчи кои можат да одиграат добро против Македонија.

– Македонците не се брзи како Холанѓаните, можеме да се надигруваме, но не би сакал да прогнозирам. Ако треба да правам некоја прогноза, би и дал мала предност на Македонија, поради мотивација, поради младоста и поради желбата. Јас како селектор ќе се обидам мојот тим да го одигра најдобриот меч. Ако победиме ќе биде супер, ако изгубиме, јас ќе им честитам на Македонците и ќе им посакам се најдобро. Македонија се уште има некоја математика за четвртфинале, јас само очекувам да има добар меч, да гледаме добар натпревар и на крајот, да подобри подобриот ривал, – изјави Вујовиќ.

 

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни