Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Вујовиќ ја смирува еуфоријата по спектакуларната победа и неверојатното деби на Њокас во „Јане Сандански“

Објавено

на

Веселин Вујовиќ беше презадоволен од изданието на Вардар против Мешков Брест, но сепак не паѓаше во преголема еуфорија и на прес-конференцијата не заборави да нагласи дека на противникот му недостасувале доста важни играчи.

Македонскиот првак понесен од публиката во „Јане Сандански“ не му даде никаква шанса на Мешков, а особено спектакуларен беше Кевин Њокас, новото засилување кое постигна извонредни осум погодоци од исто толку обиди.

Десниот бек беше незадржлив за противничките играчи, но интересно Вујо не ги користеше двајцата браќа заедно на теренот, односно се обидуваше да ги ротира и ги употребуваше во различни моменти од натпреварот.

– Навистина го ценам тимот на Мешков. Го отворивме мечот со голема мотивација, ни помогна атмосферата во салата и неколкуте одбрани на Томовски. Бевме понесени од таа атмосфера. Нашите шутери беа одлично расположени, додека нивната одбрана имаше многу лош ден.

– Кога тие играа 5 – 1, ми беше проблем да играм со браќата Њокас, бидејќи тие се уште не се доволно воиграни со тимот, но јас најдов решение со Дибиров на средината. Мислам дека заслуживме да победиме. Мешков има голем број повредени играчи и тоа го искористивме денес, – изјави Вујовиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни