Свет
Вујовиќ ја откри причината зошто заминал од Загреб и најави: Не ја исклучувам можноста за враќање во Вардар
Вчера беше објавено дека Веселин Вујовиќ го раскинал договорот со ППД Загреб и предвреме ќе си замине од редовите на хрватскиот гигант.
Вујовиќ потпиша тригодишен договор со ППД Загреб и веќе го составуваше тимот за следната сезона, па токму затоа изненадувачки дојде ваквата одлука.
Како причина за оставката беа најавени приватни проблеми, а сега Вујовиќ во интервју за црногорскиот портал „Вјести“ откри дека семејниот бизнис барал негово лично присуство во Шабац.
– Не можев да бидам на две места во исто време. Им реков на луѓето од управата дека имам проблеми во Шабац и истите не можат да се решат ако не сум таму. Имам приватен бизнис, кој се руши ако не сум тука, -изјави легендарниот Вујо.
Во Загреб им кажал дека би можел да се врати во клубот за неколку месеци, кога ќе ги реши сите проблеми.
– Не можев луѓето да ги држам во неизвесност затоа што не знам дали проблемите ќе ги решам за четири, пет или шест месеци. Мислам дека вака е најкоректно. Луѓето од управата знаат дека на мене може да сметаат кога ќе завршам. Тука сум ако им сум потребен, -изјави Вујовиќ, а потоа ги искоментира шпекулациите кои го поврзуваат со брзо враќање на тренерската работа, во се уште актуелниот европски шампион, Вардар.
– Тие шпекулации почнаа уште кога беше објавено дека Михајловски се враќа. Верувајте ми, заминувањето од Загреб не е трик за да го преземам Вардар. Сепак, не исклучувам можност тоа да се случи кога ќе ги решам приватните проблеми, -заклучи Вујовиќ.
-
Македонија18 часа
Шкупи со траорно соопштение: Лазаров починал во обид да им помогне на повредените во пожарот (Фото)
-
Шпанија21 час
Мбапе со подобар ефект од Роналдо во првата сезона, пред себе има уште само три легенди на Реал
-
Македонија20 часа
Шкупи објави дека Лазаров не е во животна опасност, но заработил повреди во пожарот во Кочани
-
Шпанија24 часа
Арда се обиде да постигне гол од тешка позиција, Мбапе не го криеше бесот од потегот на соиграчот (Видео)
-
Европски првенства20 часа
ЕХФ не дозволи одложување на натпреварот против Словенија во Копер (Фото)
-
Формула 119 часа
Стјуардите ја повлекоа казната и го разубавеа дебито од соништата за Антонели (Фото)
-
НБА23 часа
Јокиќ постигна 40 поени, Пул го шокираше Денвер со тројка од десет метри (Видео)
-
Свет14 часа
Трапановски даде гол и се помоли за жртвите во трагедијата во Кочани (ВИДЕО)