Вујовиќ го објави составот на Словенија за ЕП, направи едно изненадување

Photo credit: EPA/IAN LANGSDONPhoto credit: EPA/IAN LANGSDON

Селекторот Веселин Вујовиќ денеска го објави поширокиот список на ракометари, кои се во комбинација за да бидат дел од ракометната репрезентација на Словенија на претстојното Европско првенство во Хрватска.

Вујовиќ ги вклучи и Јуре Доленец и Ник Хенигман кои се повредени и чиј настап е неизвесен, а интересна е одлуката да не го повика Деан Бомбач за кого отворено зборува дека не е во потребната форма.

– Не го повикав Бомбач затоа што не игра на потребното ниво во својот клуб Кјелце. Потребни ми се само оние кои можат да дадат највеќе во овие моменти, – истакнал Вујовиќ пред новинарите.

Словенија е прв противник на Македонија на ова ЕП, а натпреварот во Загреб е закажан за 13. јануари.

Состав на Словенија:
Голмани: Скок, Лесјак, Кастелиќ
Крила: Цингесар, Медвед, Јанц, Маргуч
Бекови: Баришиќ, Мачковшек, Гребенц, Хенигман, Доленец, Цехте, Кавтичник, Млакар, Безјак, Лебан, Зарабец
Пикери: Благотиншек, Габер, Жабиќ

Facebook Коментари