Вујовиќ го избра својот нов клуб и сите ги изненади

vujovic-mikro

Веселин Вујовиќ доби крајно горчлива вест пред почетокот на бараж дуелот меѓу Словенија и Унгарија откако беше јавенот дека починала неговата мајка, а разочарувањето за поранешниот тренер на Вардар беше уште поголемо откако неговит избраници не успеаја да ја намалат болката со победа и пласман вна Светското првенство.

Словенија беше блиску до сензација на вториот дуел, но сепак остана пократка за два гола во Унгарија, а тоа го остави Вујо без настап на претстојниот ракометен мундијал кој ќе се игра во Германија и Данска. Сето ова беше најава дека феноменалниот стручњак ќе има доста слободно време во иднина, но сепак највлијателните српски и хрватски медиуми јавуваат дека тоа нема да биде случај, откако Вујо си договорил изненадувачки ангажман во Железничар од Ниш.

Црногорскиот стратег ги договорил сите лични услови со српскиот вицешампион кој ќе има навистина големи амбиции во новата сезона, а медиумите јавуваат дека круцијална личност за потписот на Вујовиќ со Железничар е градоначалникот на Ниш кој исто така е Црногорец. Послдните информации ни укажуваат на тоа дека презентацијата на Вујовиќ ќе биде одржана утре во Ниш, а ваквиот негов клупски ангажман нема да има никаков ефект кој репрезентативните обврски, па така и натаму ќе биде селектор на словенечката ракометна селекција.

Facebook Коментари