Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Вујовиќ ги подбра играчите: Денеска ќе загубевме и од Бутел!

Објавено

на

Веселин Вујовиќ беше првиот кој призна дека Вардар за првпат оваа сезона влегува како фаворит во една пресметка во Лигата на шампионите, но реалната слика на теренот донесе сосема поинакво сценарио, бидејќи Монплеје во секој сегмент го надигра македонскиот првак вечерва во „Јане Сандански“.

Тоа го призна и самиот Вујо на прес-конференцијата по средбата која заврши со резултат 25:31, а на која „црвено-црните“ го претрпеа првиот пораз од стартот на новата натпреварувачка сезона.

Црногорецот призна дека победата на францускиот тим е повеќе од заслужена, нагласувајќи дека неговите играчи едноставно не личеле на себе, односно биле бледа сенка од првите три меча во Лигата на шампионите.

– Прво и пред се, сакам да му честитам на Монплеје за победата која е комплетно заслужена. Не им париравме во ниту еден сегмент од играта, едноставно не личевме на себе, не бевме тимот од првите три кола во Лигата на шампионите. Жал ми е што не ги наградивме навивачите за добрата атмосфера. Го респектирав Монпелје и пред мечот, тие го победија Кил и во Франција се игра врвен ракомет. Денеска, целиот тим потфрли и мора да анализираме каде згрешивме. Мора да ги коригираме грешките кои ги направивме, – изјави Вујо и додаде.

– Не сакам да го потценам Бутел, но со ваква игра, денеска ќе загубевме и од Бутел и од било која друга екипа во македонското првенство. Играчите се опуштија по првите неколку натпревари, очигледно помислија дека секој лесно ќе загуби во оваа сала. Ова е сериозна шлаканица за нас, но ја добивме во вистински час, сметам дека ова дојде во прав момент, – заклучи тренерот на Вардар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни