Вујовиќ: Добивам одличен прием во цел регион, но најмногу ме сакаат во Скопје

vujo-mava

Веселин Вујовиќ ја подготвува словенечката ракометна репрезентација за настап на претстојното Европско првенство во Хрватска, а во меѓувреме даде интервју за спортската телевизија „Спорт Клуб“ во кое имаше и неколку интересни одговори.

Еден од нив е поврзан со начинот на кој Вујо е прифатен во сите поранешни републики на Југославија, а истакнува дека според него навивачите најмногу го сакаат во Скопје.

– Добро се чувствувам во секоја од нашите бивши републики, на 18 декември во Сараево требаше да добијам награда како спортист кој направил најмногу за соединување на регионот. Никогаш не сум се декларирал политички и не сум влегувал во такви приказни, не сум обоен со национализам. Тоа што сум роден во Црна Гора, што работев во сите други држави и што живеам во Шабац ме прави уште поголем Југословен. И денеска кога ќе ја слушнам „Хеј Словени“ ме полазуваат морници. Никогаш и никаде не сум имал непријатности, дури ни во Загреб каде публиката ме прифати одлично.

– Оние кои следат ракомет веројатно се сеќаваат на видеото од моментот кога со Загреб се вратив во Скопје и начинот на кој ме пречекаа фановите на Вардар. Жал ми е што немам работено во БиХ, бидејќи ги сакам Сараево и Босанците. Никогаш не ме интересирале вери, за мене добар човек е добар човек и така ќе биде засекогаш, – истакнува Вујовиќ и одговара на прашањето каде смета дека навивачите го сакаат најмногу.

– Мислам во Скопје. Можеби грешам, но според мене тоа е Скопје, – потенцира поранешниот тренер на Вардар.

Facebook Коментари