Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Вујовиќ даде прогноза за тоа кој ќе ја освои ЛШ

Објавено

на

Пред нас е завршницата на Лигата на шампионите, турнирот во Келн во кој на мегдан ќе излезат Барселона, Нант, Алборг и ПСЖ.

Во полуфиналето каталонците се соочуваат со тимот на нашиот Кирил Лазаров, додека пак „светците“ ќе играат со полетниот дански претставник. Овие парови се гаранција за многу возбудувања, па своја прогноза за престојните случувања даде новиот тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ.

Вујо смета дека Барса е најблиску до пехарот, додека Мика Мем ќе го понесе признанието МВП.

-Мислам дека Барселона е најголем фаворит за освојување на трофејот. Јас секогаш поддржувам аутсајдери како Нант или Алборг, но од друга страна би сакал да го видам финале Барса-ПСЖ.  Дика Мем може да биде ѕвезда на викендот. Французинот е мој прв избор за МВП, -истакна Вујовиќ кој трипати во кариерата ја освојуваше ЛШ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни