Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Вујовиќ без двајца важни играчи на гостувањето кај Пик Сегед

Објавено

на

По одличниот старт на сезоната, Вардар нареди три порази во Лигата на шампионите и влезе во навистина непријатна серија, која Веселин Вујовиќ се надева дека ќе биде прекината вечерва во Унгарија.

Сепак, популарниот Вујо е свесен дека нема да има воопшто лесна задача во Сегедин, уште повеќе откако неговата ротација се скратена за двајца многу важни играчи.

ЕХФ попладнево ги објави официјалните тимови и играчите кои се пријавени за натпреварот од 18:45 часот, на кој нема да настапат Жереми Тото и Жоел Куни Моралес.

Во официјалниот список го нема и Марко Мишевски, што работите ги прави уште покомплицирани за Вујовиќ кој најави дека гостувањето кај силен тим како Пик Сегед е одлична можност за излегување од резултатската криза.

Пред натпреварот во Сегедин, Вардар со пет освоени бода е на шестото место на табелата, додека Пик Сегед е две места погоре со три бода повеќе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни