Светски првенства
Вујовиќ: Алкалоид е важен елемент за иднината на македонската репрезентација

Катарската ракометна репрезентација ќе биде дел од Ц групата на Светското првенство кое денеска започнува во Хрватска, Норвешка и Данска, а од клупата овојпат ќе ја води искусниот Веселин Вујовиќ.
Ракометната легенда има искусен состав и група во која главен фаворит ќе биде Франција, а ждрепката ги додели уште и репрезентациите на Австрија и Кувајт.
Вујовиќ во интервју за „Балкан хендбол“ го најавил мундијалот, а искоментирал и што очекува од македонската репрезентација, чиј селектор е Кире Лазаров.
– Кире направи многу за македонскиот ракомет како играч.
– Тие деца напредуваат во Алкалоид, играат добар и модерен ракомет. Ниту една репрезентација во светот не направила успех ако немала голем клуб, а тие сега го прават тоа со Алкалоид. Дали ова е вистински момент? Не, но ќе биде искуство повеќе.
– Веројатно очекуваат дека ако се најдеме во иста група во втората фаза, репрезентација која можат да ја победат е Катар. А, Катар пак размислува дека може да ја победи Македонија, што значи дека тоа би била вистинско уживање за ракометните фанови во регионот, – рекол Вујовиќ.
Нашата репрезентација го започнува настапот СП веќе утре и тоа со дуел против Унгарија во Вараждин. Катарците уште денеска од 18 часот ќе се соочат со Франција.
-
Лига на шампиони24 часа
Капело му постави непријатно прашање на Консеисао, тренерот на Милан ја објасни својата неочекувана одлука
-
Шпанија23 часа
Деко за ѕвездата на Барса која неодамна потпиша договор: Ако во блиска иднина се премисли, вратите ќе му бидат отворени
-
Лига на шампиони21 час
Пеналот во ЛШ ја крена на нозе цела Италија: Завршивме со фудбалот! (Видео)
-
Англија23 часа
Слот шокиран од Оливер: Откриени зборовите кои му ги испратил на судијата откако доби црвен картон (Видео)
-
Англија14 часа
Мареска донесе одлука, Челси има нова „единица“
-
Македонија22 часа
Омерагиќ им се обрати на судиите пред пролетниот дел од сезоната: Мојот телефон не е тајна, нема простор за манипулации!
-
Лига Европа15 часа
Балканците му донесоа убедлива победа на Фенербахче, Сосиедад славеше во Данска (ВИДЕО)
-
НБА22 часа
Кајри-шоу од кое застанува здивот: Ирвинг постигна три тројки за 40 секунди и го откажа Голден Стејт (Видео)