Поврзете се со нас

Балкан

Вујошевиќ за Обрадовиќ и Партизан: Кога не оди се менува тренерот, ова е прв пат во историјата…

Објавено

на

foto:www.facebook.com/bcpartizan

Партизан потфрли во минатата сезона и клубот се одлучи да направи целосна реконструкција, да го смени целиот тим, но воедно го остави Жељко Обрадовиќ и понатаму да го води проектот на „црно-белите“.

Клубот од Белград има сосема нов состав и допрва ќе се види дали овој потег ќе ги даде посакуваните резултати, поточно дали новите имиња ќе му помогнат на Партизан да освои титули, а и да биде максимално конкурентен во Евролигата.

Душко Вујошевиќ е икона на Партизан, човек кој во минатото како тренер му донесе многу убави денови, пехари, па имаше една изјава со која меѓу редови го „пецна“ Обрадовиќ.

-Тешко е и тоа е навистина она што е тренерската работа. Тимот не е збирка од најдобрите поединци, туку заедница на луѓе кои најдобро функционираат. Често им велев на играчите: Тимот е како екипаж на подморница,  една грешка – сите се мртви.

-Кога станува збор за Партизан конкретно… Знаете, обично се вели дека кога не оди тренер-екипа, не може да се смени цел тим и затоа се менува тренерот. Ова е прв пат во историјата тренерот да ја смени целата екипа, -порачал Вујошевиќ за „Спорт Клуб“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни